Македонија
3. January 2019 - 11:28

Намален водостојот на реките

Водостојот на реките бележи значителен пад, а на езерата е во рамки на просекот за јануари, покажуваат податоците од мерењата на  Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Речиси двојно е намален водостојот на Вардар кај Јегуновце, тројно кај Зајчев рид,  а намалување има и кај Велес и Демир Капија. Водостојот на Треска кај Македонски Брод изнесува пет сантиметри наспроти месечниот просек што изнесува 39 сантиметри. Помали се и водостоите на Пчиња кај Катлановска бања, на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница клај Штип, Црна река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани.

Според УХМР, за три сантиметри е повисок водостојот на Дојранското Езеро, а на Преспанското и на Охридското Езеро е колку месечниот просек.