Македонија
1. April 2019 - 11:51

Намален водостојот на реките

Тројно и двојно е намален водостојот на поголемиот дел од реките споредено со просекот за април, покажуваат дневните и неделните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Трипати е пониско нивото на Треска кај Македонски Брод,  Црн Дрим кај Ложани, Лепенец кај Скопје, Крива Река кај Крива Паланка, а двојно е пониско нивото на Вардар кај Јегуновце, Скопје – железнички мост  и кај Велес.

Непроменети се нивоата на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро.