Македонија
3. February 2021 - 10:37

Намален водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостојот на Дојранското Езеро е за 2,91 метри повисок од просекот за февруари, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 12 сантиметри кај Охридското и за 1,4 метри кај Преспанското Езеро. Сепак, Преспанското Езеро за 30 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Повисоки од просечните за овој месец се и водостоите на сите реки во земјава со исклучок на Црна Река на мерното место кај Р.Б. Мост иако најчесто бележат намалување во споредба со вчера.