Намален прометот во индустријата
Прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е намален за 9,1 процент, а споредено со јули лани за 2,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-јули годинава споредено со првите седум месеци од минатата година прометот во индустријата бележи раст од 7,4 проценти.
На домашниот пазар во јули годинава во однос на јули лани прометот во индустријата бележи опаѓање од три проценти, односно од 2,4 проценти на странските пазари.
Гледано по сектори, во јули годинава споредено со јули минатата година има опаѓање од 11,2 процента кај секторот „Рударство и вадење камен“ опаѓање од 11,2 процента, а во „преработувачка индустрија“ од 2,2 процента.
Според главните индустриски групи, прометот во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е намален кај „капитални производи“ за 0,7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 11,3 проценти. Пораст има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,6 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 6,4 проценти.
Ново на Сител
-
Заврши дебатата по законот за попис, гласањето одложено
-
Има ли план како да не пропадне зимската туристичка сезона?
-
Формирано здружение за обнова на „Глобал“
-
Заврши дебатата по законот за попис, гласењето одложено
-
Тема на денот: Политика или традиција на карневалот во Вевчани
-
Законот за попис на гласање
-
Струшкото обвинителство отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани, се бара сторителот
-
Државниот врв со осуда за палењето на бугарското знаме во Вевчани по реакциите од Бугарија