Намален криминалитетот во Крива Паланка
Криминалитетот во Крива Паланка од почетокот на годинава бележи тренд на опаѓање. Во текот на првото полугодие од 2015 година во Кривопаланечко регистрирани се 105 кривични дела, што е за 11,8 отсто помалку во однос на истиот период лани кога биле регистрирани 119.
Според податоците од Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка, на територијата на општина Крива Паланка во првите шест месеци од годинава се случиле вкупно 105 кривични дела, што е за 14 помалку во однос на првото полугодие на 2014.
Ова се наведува во информацијата за преземени мерки и активности во текот на првото полугодие од 2015 на ПС од ОН Крива Паланка презентирана на 25-та седница на Советот на општина Крива Паланка.
- Од вкупниот број регистрирани кривични дела, 78 се реализирани, со што е постигната вкупна реализација од 74,3 отсто. Бројот на поднесени кривични пријави во текот на овој период од годината е зголемен за 41,5 отсто. Поденсени се вкупно 92 кривични пријави против 135 сторители, додека во првото полугодие на 2014 биле поднесени 65 пријави против 128 сторители, информира Гоце Ивановски, командир на ПС од ОН, Крива Паланка.
Како што нагласи Ивановски, од областа на класичниот криминал во првите шест месеци од годинава регистрирани се 97 дела, додека во првото полугодие од 2014 беа регистрирани 110. Според овие податоци делата од класичниот криминалитет бележат опаѓање од 11,8 отсто.
Од вкупниот број сторени кривични дела од оваа област најголемо е учеството на имотните деликти, со регистрирани 43 дела од кои 4 се обични кржби, и 32 дела се тешки кражби, а 7 се останати дела од областа на имотните деликти.
Во информацијата се наведува и дека кривичните дела против јавниот ред и мир се застапени со 4 дела. Од нив две се насилство, додека по едно кривично дело е регистрирано за спречување на службено лице во вршење на службени работи и едно за напад на службено лице.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.