Македонија
25. November 2015 - 12:56

Намален бројот на живородени, зголемен на умрените лица

За 3,3 проценти е намален бројот на живородени деца во третото тромесечие од годинава во споредба со истиот период лани и изнесува 6.081 живородени деца, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во исттиот период бележи зголемување од 0.5 проценти во споредма со минатогогишниот и сега тој изнесува 4.514 лица. Од нив, 41 е умрено доенче. 

Природниот прираст изнесува 1.567 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.