Намален бројот на заразени и починати во Шпанија, денеска вкупно 637 починати
Во Шпанија денеска бројот на заразени и починати од коронавирусна инфекција продолжи да опаѓа, иако властите предупредија дека бројките не можат да ја покажат вистинската слика како резултат на побавното пријавување податоци за време на викендот. Министерството за здравство соопшти дека во претходните 24 часа се регистрирани 637 нови смртни случаи, што е најмал број жртви за еден ден во однос на претходните 13, односно вкупно над 13.000 починати откако пандемијата ја погоди земјата.
Новорегистрираните инфекции исто така се најниски за две недели, 4.273, со што вкупниот број на потврдени заразени е повеќе од 135.000. Болниците исто така известуваат дека темпото на пристигнување на пациенти во нивните одделенија забавува, што им дава можност на преоптоварените медицински работници да здивнат.
Имитирајќи го методот „Ноева арка“, користен во Кина и во други азиски земји, Владата составува список на места, хотели и спортски центри каде што пациентите што се позитивни на тестовите, но не покажуваат симптоми, може да бидат изолирани за да не ги заразат другите членови на семејството.
Ново на Сител
-
Поплави во Албанија, Мета бара итно ангажирање на сите структури
-
Сите вакцини се безбедни, не постои законска пречка за увоз на која било вакцина во земјава, вели Филипче
-
Тухел седна на клупата на Челзи
-
Почина Риалда Кадриќ позната по улогата како Марија во „Жикина династија“
-
Повикувањето за вакцинација ќе се одвива преку системот „Мој термин“, вели Филипче
-
Филипче: Во тек се преговори за набавка на 200 илјади вакцини од Кина
-
Одобрени 80 милиони денари за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро
-
Владата ја одобри годишната Програма за изградба и реконструкција на патишта