Македонија
24. January 2019 - 11:41

Намален бројот на заболени од грип во Кичево

Во текот на изминатите три недели месецов во Кичево според Центарот за јавно здравје се регистрирани само 13 заболен лица од сезонски грип, што преставува намалување во споредба со истиот период во ланската година каде што бројот на заболени бил 32 лица вели деректорката на Центарот за Јавно здравје во Битола Елизабета Крстевска, во чиј состав е и подрачното оделение во Кичево.

Крстевска додава дека сите заболените лица се на возраст од 15 до 64 години. – Во Кичево до овој момент имаме само еден случај на заболено лице од морбили, тоа лице е на возраст од 34 години и моментално се наоѓа на лекување во Скопје, објасни Крстевска.

Од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека и покрај променливите временски услови, состојбата со сезонскиот грип е релативно мирна и засега нема регистрирано голема бројка на заболени од грип на територијата на општина Кичево, иако посочуваат дека е потребна претпазливост поради фактот дека со почетокот на наставата во училиштата можноста да се зголеми бројот на заболени од грип е голема.