Спорт плус
15. November 2022 - 14:11

Наковска-Бикова освои злато на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет

Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет во Ал Аин, Обединетите Арапски Емирати.

Таа во дисциплината пиштол – слободен избор 25 метри, со испукани 538 кругови го постигна најдобриот резултат во својата кариера и како второрангирана се пласираше во финалето.

Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски, во мошне квалитетно и драматично финале, Наковска-Бикова по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја задржи до последниот куршум.

Со овој триумф, Наковска Никова ги комплетираше златните медали од сите големи натпреварување – Европско првенство, Светско првенство и Параолимписки игри, а два пати во кариерата поставуваше и светски рекорд.