Спорт плус
15. September 2016 - 20:40

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Македонската натпреварувачка Оливера Наковска – Бикована на Параолимписките игри во Рио, го освои 4.место во дисциплината воздушен пиштол 50 метри (микс) во стрелаштво.
 
Таа во финалето имаше 138.1 кругови, што беше недоволно за место на победничкиот подиум. Нашата натпреварувачка во финалето се пласира како осма од квалификациите.
 
Златниот медал и припадна на Сара Џаванмардидодмани од Иран, пред Чао Јанг од Кина и Олексеј Денисјук од Украина. Во ова дисциплина заедно се натпреваруваат мажи и жени.
 
Македонскиот претставник Ванчо Каранфилов во квалификациите го освои 30.то место.