Најжестоки воздушни напади на Израел врз Појасот Газа, загинаа 119 Палестинци
Израелската војска рано утрово соопшти дека нејзините сили извршиле најсилни удари врз Појасот Газа од почетокот на конфликтот со екстремистите на таа палестинска територија.
Според Министерството за здравство во Појасот Газа, бројот на убиени Палестинци се искачи на 119, вклучувајќи 31 малолетник и 15 жени, а околу 830 лица се ранети
Девет лица беа убиени во Израел, вклучувајќи две деца, еден војник и пет жени
Околу 2.000 ракети и минофрлачки проектили се истрелани од Појасот Газа од понеделникот, кога почна најсилниот конфликт од војната во појасот Газа во 2014 година, според израелските медиуми.
Ноќта помеѓу четвртокот и петокот беа истрелани 220 ракети, од кои 30 паднаа во палестинска територија.
Десетици ракети насочени кон станбени области биле пресретнати од противракетниот систем „Железна купола“.
Израелски авиони истовремено извршија голем напад врз мрежата на тунели ископани од исламистички Хамас под градот Газа околу полноќ. Нападот траеше околу 40 минути, а 450 ракети беа истрелани кон 150 цели. Армијата соопшти дека големината на штетата се уште не е утврдена. Израелскиот воен портпарол Хидаи Зилберман, објасни дека војниците се уште се на израелска страна и не влегле во Појасот Газа и покрај претходните тврдења за спротивното.
Испукани се околу 500 артилериски гранати, заедно со 50 тенкови гранати.
Палестинците во Газа соопштија дека израелскиот напад траел еден час и дека има многу жртви.
Портпаролот Зилберман изјави дека операцијата е резултат на разузнавачки информации и внимателно планирање.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово