Македонија
14. December 2017 - 9:42

Најзагадено во Центар и Карпош

Скопје и денеска е најзагадена општина во државата. Мерните единици покажуваат енормно зголемување на ПМ10 честичките, кај  Ректорат 395  микрограми на метар кубен, Карпош 383, Центар 316, Лисиче, 291 и Гази Баба 261.

воздух загадување

ПМ10 честичките покажуваат извесно надминување и во  Куманово, 124  микрограми на метар кубен, како и во Велес,106. 

Во услови на висока загаденост на воздухот се препорачува излегување надвор само по потреба и избегнување подолга изложеност на отворено. Излегување без посебна потреба не им се препорачува особено на мали деца, стари лица и бремени жени.