Највисоко ниво на предупредување за британските бродови во територијалните води на Иран
Велика Британија го подигна на највисоко, трето ниво, предупредувањето за британските бродови кои пловат во ирански територијални води, изјави неименуван претставник на безбедносните служби.
Тој нагласи дека Велика Британија ќе биде одлучна во одбрана на своите поморски интереси во Персиски Залив, додавајќи оти Лондон не е заинтересиран за ескалација на ситуацијата.
Претходно, британската Влада соопшти дека три ирански бродови денеска се обиделе да го блокираат поминувањето на британски танкер низ Ормутски Теснец, но оти се повлекле по предупредувањето од британски воен брод.
Инцидентот се случи по речиси една недела откако Британската кралска морнарица заплени еден ирански танкер во близина на Гибралтар под сомнение дека ги крши санкциите, носејќи нафта за Сирија.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море