Бизнис
12. October 2018 - 12:56

Најверојатно во ноември нов повик од Фондот за иновации

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Депостовски најави дека се подготвува втор бран финансиски договори за кој се очекуваат дополнителни средства од Владата, со ребалансот на Буџетот. 

- Подготвуваме нови повици, имаме обезбедено средства од Светска банка. Сметам дека во наредните неколку недели ќе излеземе со нов повик за старт-ап компании. До крајот на годината имаме на располагање околу 3,5 милиони евра, информира директорот.

Со ребалансот на Буџетот ќе се поддржат компаниите што беа успешни на првиот повик, но поради исцрпување на средствата, големиот интерес и квалитетните проекти, не успеаја да потпишат договори.