Проблем со овој пат е тоа што иако возачите може да уживаат во прекрасниот пејсаж, исто така може да го почувстуваат и „бесот“ на Норвешкото море.
Во текот на изградбата, која траеше 6 години и чинеше околу 25 милиони долари, во тоа подрачје имало дури 12 урагани кои не успеаја да спречат патот да не биде завршен.
Денеска силните ветрови и јаките бранови кои често удираат околу овој пат се дел од туристичката атракција и ги прават глетките уште попривлечни.
Кога е лошо времето - што често се случува во овој дел од светот, видливоста може да исчезне за неколку секунди. И потоа доаѓаат брановите, огромни „ѕидови“ од вода редовно поминуваат преку бариерите на самиот пат.