Живот
27. November 2018 - 13:26

Најубавата река на светот тече во пет бои: Погледнете како изгледа ова чудо на природата

Реката Кањо кристалес, единствена во светот се наоѓа во Колумбија. Посебна е по тоа што тече во разни бои, може да се види жолта, зелена, сина, црна и најмногу црвена, а сето тоа го произведува билка која живее на дното  (Macarenia clavigera).

Интересно е што поголем дел од годината, оваа река воопшто не се разликува од било која друга река на светот.

Меѓутоа во еден краток период секоја година, кога ќе се измешаат дождовата и летната сезона, таа како да оживува и експлодира во пет бои.