Македонија
30. July 2017 - 19:59

Најтопло во Демир Капија, Скопје и Гевгелија, пеколните температури продолжуваат

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 38 Демир Капија, 37 Скопје-З.Рид, Гевгелија, 36 Скопје-Петровец, Штип, 35 Тетово, Виница, Струмица, 34 Прилеп, Битола, 33 Кр. Паланка, Тополчани, Охрид, 32 Пожаране, Ѓуриште, Берово, 30 Лазарополе, Маврово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. На места дуваше слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. УВ=8 Минимална температура од 11 до 19, а максимална од 32 до 38 степени. 

Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Т-ра 18 / 37 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на претежно сончево и многу топло време. Утре во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло ќе биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура

се очекува да го надмине и 40-тиот степен.