Најстудено во Маврово, најмногу снег во Дебар
Најстудено изутринава во седум часот било во Маврово, каде се измерени -7 степени, по што следи Крушево со - 5, Пожаране и Ѓуриште со -3, Берово и Тополчани со -2, и Дебар со - 1.
Снежната покривка во Дебар е највисока и изнесува 10 сантиметри, 9 во Mаврово, 8 во Пожаране, 6 во Крушево, 2 во Tетово, 1 во Тополчани.
Времето во Македонија е претежно облачно, во западните делови со врнежи од снег. Дува умерен ветер од северен и северозападен правец.
УХМР за денеска најавува променливо облачно и постудено време со локални врнежи од снег, особено во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб снег претпладне. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Утре ќе биде сончево и студено со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Подрачјето на Македонија ќе се наоѓа под влијание на студена и сува воздушна маса, така што ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински и дневни температури. Утринските во среда, а особено во четврток на места ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе бидат во интервал од -2 до 5 степени.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари