Македонија
3. January 2016 - 8:50

Најстудено во Маврово и Пожаране

Утрово најниска температура од -5 е измерена во Маврово и Пожаране, во Скопје, Куманово и Крушево температурата е 4 степени под нулата, а највисока температура како за зима е измерена во Демир Капија од три степени,

Минус три е во Крива Паланка и Тетово,  -2 во Скопје на Зајчев Рид, и во Прилеп, Струмица, Берово, Крушево, -1 Лазарополе и Струга, 0 Штип, Гевгелија, Дојран,  Битола,1 Охрид,  Претор, 2 Дебар.

Моментално во поголемиот дел од земјава преовладува облачно и претежно тивко време со повремени врнежи од снег, само во југозападниот дел врнежите се од дожд.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Облачно со врнежи претежно од снег, во крајните јужни делови од  дожд и снег. Обилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови на земјава, каде ке се формира или ќе се зголеми за околу 20 тина самтиметри нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе достигне од 1 до 5 степени.

Во Скопје  ќе биде облачно со повремен слаб снег и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 3 степени Целзиусови.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи претежно од дожд, наместа ќе бидат обилни.

 Услови за снег ќе има само на повисоките планински предели во западните делови на земјава.