Македонија
31. October 2017 - 8:27

Најстудено во Берово минус шест, во Скопје минус три

Минусни температури изутринава се ргистрирани во повеќе места во Македонија. Најстудено е во Берово каде што се измерени минус шест спепени, во Маврово и Лазарополе минус пет, во Крива Паланка минус четири, а во Скопје, Битола, Тетово и Струмица минус три степени.

Под нулата е и во Кушево, Демир Капија, Дебар и Прилеп.

Времето денеска, спроед УХМР, ќе биде сончево и свежо со мала облачност претежно на југот од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Температурата ќе се двкижи од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево и свежо со слаб до умерен ветер од северен правец и температура до 12 степени.

Во наредните денови ќе за задржи претежно сончево и студено време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Во петок се очекува умерено наоблачување и утринските температури да бидат малку повисоки.

Викендот ќе започне со сончево време, а на крајот облачноста ќе се зголемува.