Најстудено во Берово -10, над нулата само во Дојран
Берово утрово е најстуден град во Македонија. Според УХМР таму се измерени минус 10 степени. Во Маврово, -8 , во Скопје и Крива Паланка -7, Тетово, Лазарополе, Битола, Демир Капија и Дебар -6, Прилеп, Штип, Струмица, Крушево и Куманово -5, Охрид, Претор и Кавадарци -4, во Виница -3, Виница, Гевгелија - 2 и Дојран 1.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро со слаб ветер од променлив правец. Утрово по одделни котлини има појава на слаба магла, а повеќе магла има само во Демир Капија каде што видливоста е намалена на 100м.
Претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од 7 до 13 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност и температура до 9 степени.
И понатаму ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време. Утре ќе биде променливо облачно, особено во западните делови, каде е можен и слаб локален дожд, а повеќе сончеви периоди ќе има во источните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Од понеделник ќе има повеќе услови за појава на магла по котлините, што ќе придонесе тука да има и пониски температури.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи