Најстудено утрово во Маврово и Лазарополе
Најниска температуира од -5 степени целсиусови утрово е измерена во Маврово и Лазарополе, а највисоката од 5 степени над нулата во Гевгелија.
Како што соопшти УХМР, температура од -4 е измерена во Тетово, Скопје Петровец, Битола, Берово, -3 во Струмица, Д. Капија, -2 во Прилеп, Штип, Крушево, -1 во Крива Паланка, Куманово, Пожаране, Скопје, 0 Претор, 1 Охрид, Ѓуриште, Виница, Тополчани и 4 степени во Дојран.
Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно студено со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје сончево со температура до 13 степени.
И утре ќе се задржи претежно сончево со студено утро и нешто потопло преку денот. Во петок ќе има зголемување на облачноста, а во вечерните часови ќе има услови за слаб локален дожд, пред се во северните делови. За време на викендот ќе биде сончево со умерена облачност.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата