Најстудено утрово во Берово -4, најтопло во Дојран осум степени
Најстудено утрово е во Берово каде е измерена температура од -4 степени, а најтопло е во Дојран, 8 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје-Петровец измерени се -3 степени, -2 се бележат во Струмица, -1 во Тетово и Демир Капија, нула во Прилеп, Куманово и Маврово, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Дебар и Крива Паланка, 2 во Штип, Лазарополе и Претор, 3 во Охрид и Крушево, 4 во Пожаране, 5 во Тополчани и Виница, а 6 степени во Ѓуриште.
Во поголемиот дел од земјава времето е ведро и студено. Во Скопската и Струмичката котлина, во Демир Капија и дел од Пелагонија има појава на слаба магла. Во североисточниот дел од земјава дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со слаб источен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 17 степени
Од утре, како што најавуват од УХМР, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови позначително опаѓање на дневната температура.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација