Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
Во 1956 година, научниците од американското Национална служба за диви животни на Мидвеј Атол - остров во Тихиот Океан којшто служи како живеалиште за птици албатроси, забележале женка како се гнезди во таа област. Потоа ѝ ставиле ознака на ногата за да ја следат. Овој вид почнува да се размножува на возраст од околу пет години, па научниците претпоставиле дека таа птица е родена околу 1950 година. Ја нарекле Виздом (Мудрост).
Според научните проценки, таа единка сега има 74 години и се смета за најстарата дива птица во светот. Досега извела дури 60 јајца, а последниве четири години, Виздом мистериозно останала и без својот долгогодишен партнер, па и не несела јајца.
Но, оваа година, набљудувачите открија дека Виздом нашла нов партнер.
„Таа повторно го направи тоа. Најстарата позната дива птица во светот, Виздом има нов партнер и само што снесе уште едно јајце“, соопшти американската служба.
Атолот Мидвеј се наоѓа северозападно од Хаваите, и е дом и засолниште на илјадници морски птици коишто тука доаѓаат да ги снесат своите јајца. Благодарение на проектите за заштита, оваа област нуди безбедно засолниште за Виздом и многу други птици како неа.
Ново на Сител
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава