Најскапата торта во Турција е направена од злато
Да се јаде злато може и да звучи чудно, но за некои побогати луѓе, тоа е практика, која влече корени уште од древен Египет.
Инспирирани од овој нов светски тренд, компанија од Анкара, главниот град на Турција, инаку позната по своите сладолед торти, ја изработи најскапата торта во земјата, објави „Сабах“.
Специјалниот десерт беше претставен на изложба во Истанбул. На тортата работеле 14 слаткари, 21 ден, а употребено било козјо млеко, чоколадо, крем и 340 грама злато за јадење.
– Оваа златна торта е прва од ваков вид во Турција. Направена е од 340 грама 14-каратно злато за јадење, изјави Јашар Каплан претставник на компанијата.
Според него, тимот што ја изработи тортата, работеше со најмали и најпрецизни инструменти, за да се добие ова своевидно ремек-дело.
Тортата вреди вкупно 56.000 турски лири (8.615 евра). А, парче од неа пак, ќе ве чини околу 1.000 евра.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата