Живот
16. јуни 2017 - 17:46

Најскапа вечера на светот: Мислела дека добила 43 милиони во казино, а тие и понудиле вечера

Американка тужи казино кое тврди дека апаратот погрешно покажал дека освоила награда од 43 милиони долари и наместо тоа и понудил вечера, пишуваат американските медиуми.

Катарина Букман минатата година во октомври снимила селфи пред апаратот на кој пишува „печатење на потврдата за подигање на готовина од 42.949.672.76 долари“ во казиното Рисорт Ворлд во Њујорк.

 

Но, обезбедувањето ја изнело надвор и следниот ден и рекле дека може да подигне само 2,25 долари, пренесува Би Би Си.
 
Во тужбата пред судот на американскиот округ Квинс стои дека апаратот „зацвонел и заблексал“ и дека пораката на дисплејот јасно покажала дека Букман освоила џекпот, пишува весникот Кортхаус Њуз.
 
Портпаролот на казиното рекол дека во тоа време „апаратот бил расипан“.