Свет
14. October 2018 - 17:47

Најсилен ураган на Пиринеите: Лесли остави без струја 300.000 семејства во Португалуја и со 175 км на час се движи кон Шпанија

Ураганот Лесли кој протатни низ Португалија остави 300.000 домаќинства без струја во оваа земја на Пиринејскиот Полуостров, јави Би-Би-Си.
 
 
Британскиот сервис додава дека ветрот достигнал брзина од 176 километри на час. Претставници на одделот за цивилна заштита регистрирале 27 повредени, стотици искорнати стебла, а повеќе летови на аеродромите се одложени.
 
Станува збор за најсилно невреме кое било кога ја погодило оваа земја, а во овие моменти ураганот Лесли ги зафати северните делови на Шпанија.