Македонија
19. September 2019 - 16:05

Најрано во сабота нова рунда преговори за јавното обвинителство

Најрано сабота, а наверојатно дури следната недела треба да се очекува средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за законот за обвинителство. Разговорите наместо со забрзано темпо по лидерската средба, повторно заглавуваат.  Наместо најавуванот состанок на работните групи за денеска или утре, засега се се сведува на неоформални разговори меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Партиите меѓусебе се обвинуваат за тоа дека се кочничари на процесот.

На маса за преговори е предлогот на премиерот Зоран Заев првиот човек на обвинителството за организиран криминал и корупција да го предложи опозицијата, но со право за оценка на неговата подобност. ВМРО-ДПМНЕ уште во понеделникот даде свој писмен одговор напредлогот на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот на организиран криминал и корупција да го предлага опозицијата со тоа што во два наврати власта може до го одбие нејзиниот предлог. Во третиот обид од три предложени кандидати од страна на опозцијата, шефот на организиран криминал и корупција да го избере Советот на обвинители.