Македонија
4. April 2017 - 10:49

Најпродавани наслови на електронската книжарница КупиКнига.мк

Електронската книжарница во Македонија КупиКнига.мк ги објави најпродаваните книги во Македонија во изминатите пет години откога постои. Според нивната листа, на прво место е дебитантското дело на македонскиот автор Коста Петров - „Се гледаме на врвот “.

Следни на листата најпродавани се: „Ангелски повик“ од Гијом Мисо; „Тајната на сопругот“ од Лиен Мориарти; „Во врска со онаа ноќ“ од Џули Џејмс; „Ако не постои утре“ од Гијом Мисо, „Скриена во најмрачниот агол“ од Елизабет Хејнс; „Исчезната без трага“ од Шеви Стивенс; „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи и „Т.е. љ.у.б.а.м. -  тоа е вистината“ од Александар Алексов.

По повод петтиот роденден, кој се совпаѓа со Саемот на книга, КупиКнига.мк им овозможува на читателите за сите нарачки над 990 денари да добијат бесплатна испорака во Македонија.

- Сите оние што не се во можност да го посетат саемот на книга ќе може да ги нарачаат омилените книги преку нашата веб–книжарница купикнига.мк и да ги добијат на наведената адреса во земјава и странство, изјави Елена Темелковска, продукт-менаџер на КупиКнига.мк.

КупиКнига.мк е прв македонски портал за електронска трговија со книги кој е, всушност, агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Во понудата на КупиКнига се над 50.000 наслови од сите жанрови на неколку јазици. Нарачките се прават по електронски пат и се испорачуваат во цел свет.