-->
-->
Најплатен спортист во светот е Роналдо
-->
Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е најплатениот светски спортист во 2016 година, според податоците кои ги објави Forbes.
Магазинот Forbes објави дека Португалецот, Криситјано Роналдо, минатата година заработил 88 милиони долари (56 милиони долари од клубот, на име на плати и награди и 32 милиони долари од спонзорски договори).
На второто место на оваа листа е опонетот на Кристијано Роналдо од Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, кој во 2016 година заработил 81,4 милиони долари (53,4+28), а на третата позиција е кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, кој заработил 77,2 милиони долари (23,2+54).
На четвртото место е тенисерот Роџер Федерер, иако тој поради повреда 2016 година ја заврши во јули. Федерер лани заработил 67,8 милиони долари, само 7 милиони заработил од настапите на турнирите, а дури 60 милиони од спонзорите.
Петтата позиција е резервирана на кошаркарот на поранешниот играч на Оклахома, сега член на Голден Стејт Кевин Дурент кој заработил 56,2 милиони долари (20,2+36).
На шестото место е Новак Ѓоковиќ со заработка од 55,8 милиони долари (21,8+34), а во првите десет се Кем Њутон, играч на Каролина Пантерс (американски фудбал) кој заработил 53,1 милиони долари (40,1+12), потоа голферот Пол Микелсон со 52,9 милиони долари (2,9+50), голф играчот Џордан Спит со 50,8 милиони долари (20,8+30) и кошаркарот Коби Брајант, кој минатото лето стави крај на кариерата во ЛА Лејкерс со заработени 50 милиони долари (25+25).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна