Свет
9. October 2017 - 11:05

Најоригинален подарок за Путин: Еве што му подари Берлускони на рускиот претседател за роденден

Поранешниот италјански премиер Силвио Берлускони допатува во Сочи за да се сретне со својот пријател Владимир Путин по повод неговиот 65. роденден, а на рускиот претседател му подари  рачно изработена слика на која  тие двајца се ракуваат. 
 
Оваа информација ја потврди и компанијата која ја изработи сликата на која се гледаат Берлускони и Путин а позади нив се прикажани најпрепознатливите туристички атракции на Италија и Русија - Колосеум во Рим и Црквата Василиј Блажен во Москва. 
 
За потсетување, рускиот претседател Влдимир Путин го прослави својот 65. роденден, а во текот на денот доби бројни  роденденски честититки, пораки и телеграми.