Свет
1. May 2020 - 16:52

Најново истражување: Досега ниту едно дете не го пренело корона вирусот на возрасен

Најново истражување тврди дека не е пронајден ниту еден случај на пренесување на коронавирусот од дете на возрасна личност, известува „Сан“.

Анализата на влијанието на болеста Ковид-19 врз децата покажа дека тие не играат значајна улога во ширењето на коронавирусот.

Дури и Светската здравствена организација тврди дека досега не е забележан случај каде дете помладо од 10 години пренело коронавирус на возрасна личност.