Loading Video...
Свет
4. February 2021 - 12:39

Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека минатата недела е намален бројот на нови случаи со Ковид-19

Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека минатата недела е намален бројот на нови случаи со Ковид-19. Минатата недела биле пријавени 3,7 милиони новозаразени а тоа е за 13 проценти помалку од неделата претходно.

Сепак од СЗО предупредуваат дека нерамномерната дистрибуција на вакцините може да го одложи закрепнувањето на економијата на глобално ниво и уште повеќе да ги остави назад земјите во развој. Тоа го потврди и германската канцеларка меркел, кој информираше дека геманија сеуште не може да направи точен план како би се одвивала имунизацијата во земјата.

Швајцарија одлучи засега да не ја одобри вакцината на Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд поради немање доволно податоци за ефикасноста и ризиците од неа. Швајцарските здравствени власти велат дека откако ќе ги добијат резултатите од испитувањата, доколку се во ред можат веднаш да издадат одобрение за употреба. Претходно земјата нарача 5,3 милини дози од вакцината.

Норвешка е нова земја која ќе ја ограничи употребата да вакцината на Астра Зенека, со тоа што нема да овозможи вакцинирање на своите граѓани кои се постари од 65 години.

Велика Британија пак испитува комбинација од вакцини од два различни производители, Фајзер и Астра Зенека. Доколку експериментото се покаже како успешен, тоа ќе значи дека едно лице може да прими две дози од две различни вакцини.

Словенија планира да почне со производство на своја вакцина против корона вирусот во форма на спреј. Експерти од Националниот хемиски институт на Словенија велат дека спрејот би имал ефект налик на вакцина и би бил прифатлив за луѓето кои се плашат од вакцинации

Во регионов пак, Србија досега има вакцинирано повеќе од половина милион луѓе, со што е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители, веднаш после велика Британија, потоа се Малта, Данска и Исланд.