Најмногу снег во Маврово, најстудено во Тетово
Највисока снежна покривка од 64 сантиметри во Македонија, изутрината во 8:00 часот е измерена во Маврово. Во Ѓуриште се измерени 43 сантиметри снег, во Пожаране 40, во Лазарополе 38, во Крушево 28, во Битола 23, во Тетово и Берово 21, во Демир Капија 17, во Скопје 16, во Скопје-Петровец 14, во Струмица 10, во Крива Паланка 8, во Тополчани 5, во Претор 4, во Прилеп 3 и во Штип 2 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеортолошки работи.
Утрово во во 8:00 часот најниска температура од -13 е измерена во Тетово, -11 во Скопје Петровец, -10 во Маврово, -8 во Скопје, -7 во Берово, -6 во Крива Паланка, Куманово и Пожаране, -4 во Виница, Крушево, Лазарополе и Битола, -3 во Дебар, Штип, Тополчани, Ѓуриште и Демир Капија, -2 во Прилеп, -1 во Претор и Струмица, 1 во Охрид и Гевгелија, 2 во Дојран.
Во текот на изминатата ноќ како и утринава во земјава преовладува променливо облачно и претежно тивко време. Во крајниот јужен дел, односно во Претор има повремен слаб снег.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и претежно тивко. По одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла. Во текот на денот ќе има намалување на облачноста особено во северните делови на земјава.
Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди, но и со појава на слаба магла. Температурата ќе достигне до околу 2 степена.
Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно ќе преовладува променливо облачно со сончеви и со појава на магла по котлините и по речните долини.
Во четврток и во петок ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст.
Кон крајот на неделава ќе има значително затоплување, а тоа се очекува да предизвика забрзано топење на снежната покривка, велат од УХМР.
Ново на Сител
-
Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
-
Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата
-
Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија
-
Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина
-
Синдикатот на УПОЗ со поддршка на ранетата службеничка и на вработените во ЦСР-Прилеп, најавеното обезбедување што побрзо да се реализира
-
Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид
-
Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре
-
Украина го обвини главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид