Најмногу снег во Лазарополе и Маврово, најстудено во Скопје Петровец
Највисока снежна покривка во државава изутрина во седум часот е измерена во Маврово и Лазарополе, каде има 11 сантиметри снег, а во Тетово и во Пожаране е формирана снежна покривка од три сантиметри.
Според Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), најниска температура од минус седум степени Целзиусови е измерена во Скопје Петровец, по што следа Штип со минус пет, Скопје Зајчев Рид, Куманово, Берово, Гевгелија, Струмица и Демир Капија, со минус четири, Маврово и Тетово со минис три, минус два Битола и Крива Паланка, минус еден Лазарополе, Ѓуриште, Виница и Крушево,...
УХМР најавува дека денеска времето ќе биде облачно со врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава. На југот од земјава врнежите најпрвин ќе бидат претежно од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен. Температурата ќе достигне од 1 до 8 степени. Во Скопје облачно со врнежи од снег, попладне со засилен северен ветер. Температура до еден степен.
Утре ќе биде облачно и студено, претпладне со повремени врнежи од снег со послаб интензитет, особено на истокот од земјава. Ќе дува силен северен ветер. Можна е појава на снежни навеви. Утринска температура од -9 до -3, а дневна од -9 до -2 степени.
Како што најави УХМР, за време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Преку денот најстудено се очекува да биде во сабота со температури од -12 до минус шест, а во недела утринските температури насекаде ќе бидат под -10, а на места ќе се спуштат и до -20 степени. Потоа во наредните денови ќе се задржи студено, но со благ пораст на температурите.
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција