Бизнис
15. March 2016 - 20:05

Најмногу поплаки од потрошувачите за бела техника, мобилни телефони и компјутери

Потрошувачите најмногу се жалат за производи од бела техника, мобилни телефони и компјутери. На светскиот ден на потрошувачот надлежните институции велат дека свесноста за потрошувачките права расте, но и дека граѓаните се уште треба да се едуцираат, особено во делот на електронската трговија.

- Најголемо незадоволство од страна на потрошувачите е детектирано од неквалитетни производи, особено во делот на бела техника, мобилни телефони и компјутери,  но и неквалитетни услуги, најчесто незадоволство од одредени кабелски оператори, фиксна мобилна телефонија, интернет, комунални услуги, дистрибуција на електрична и топлинска енергија, изјави Анета Димовска, државен секретар во Министерството за економија.

Државниот пазарен инспекторат  лани спровел над 5.000 надзори врз основа на Законот за заштита на правата на потрошувачите, од кои само 1.000 биле врз основа на пријави од потрошувачи.  Организацијата на потрошувачите во овој период пружила 2700 советувања. Годинава акцентот го ставаат на храната.

- За подобро детектирање на нутритивната вредност на прехранбените производи Организацијата на потрошувачи направи мобилна апликација  која има семафор и ќе може да се утврдува која храна има поголемо количество масти, шеќер, сол, кои имаат штетно влијание на здравјето на луѓето, изјави Маријана Лончар Велкова, претседател на ОПМ.

Од 13 мај на сила стапува задолжителното означување на нутритивните вредности на пренхрабените производи. Од ресорната агенција велат дека, по шестмесечното пролонгирање, компаниите се подготовени за целосно информирање на граѓаните преку етикети на пакувањата на храната.

- До Агенцијата за храна секоја година се зголемува бројот на претставки, што значи дека свесноста на луѓето во делот на храната се зголемува. Исто така се зголемува и процентот на неосновани претставки, што  укажува на тоа дека потрошувачите треба повеќе да се информираат во делот на квалитетот и безбедноста на храната, наведе директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Оваа година во фоксуот ќе биде намалување на користењето на антибиотиците за да се спречи созадвањето резистентност кон лековите. Институциите велат дека од 2002-та наваму беспреекорно се спроведуваат мониторниг програми за присуство на антибиотици во млеко и месо. Во само четири мостри на млеко од фарма биле детекирани антибиотици и истото веднаш било уништено.