Македонија
16. July 2018 - 11:51

Најмногу дожд во Прилеп во изминатите 24 часа

- Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Прилеп, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 13 литри на метар квадратен. 
 
Врнежи имало и во Ѓуриште - шест литри, Тетово, пет во Тополчани, Крушево и Пожаране, четири литри во Скопје-Зајчев Рид и Маврови Анови и по два литра на квадратен метар во Скопје-Петровец, Демир Капија и Лазарополе. 
 
ОД УХМР информираат дека времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, само во северните планински подрачја ќе има услови за краткотрајна нестабилност.
 
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во текот на ноќта ќе има зголемување на облачноста.
 
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 степени, а УВ-индексот девет.