Македонија
7. November 2019 - 9:15

Најмногу дожд во Лазарополе, најстудено во Берово

Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Лазарополе – 18 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Куманово еден литар на метар квадратен. Најстудено утринава е во Берово каде се измерени шест степени, но во целата држава утринските температури се над нулата.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утринава преовладува промениво облачно време со повремени врнежи од дожд на крајниот северозапад, во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија.

Облачното време со врнежи од дожд ќе се задржи и во текот на денот. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје слично време со дневна температура до 18 степени.