Македонија
13. March 2019 - 14:27

Најмладите стружани учеа за превенција од пожари

Превентивно делување против пожарите од најмала возраст беше целта на денешната посета на учениците од основното училиште „Јосип Броз Тито“ од селото Мислешево на Територијалната противпожарна единица во Струга.

Учениците беа запознаени со опремата, работата и одговорностите на пожарникарите.

Струшките пожарникари презентираа и две вежби пред најмладите сограѓани, а потоа и тие се вклучија во активноста.

– Младите се тие од кои треба да се почне промената во општеството и да се подигне свеста кај секој поединец, изјави заменик командирот на ТППЕ Струга Ристе Талески.

Струшките пожарникари уште еднаш упатија апел до своите сограѓани превентивно да делуваат и со своите постапки да не предизвикуваат пожари, потсетувајќи на бесплатниот телефонски број 193 на кој можат да пријават доколку забележат пожар.