Кошарка
16. August 2018 - 16:13

Најмладите македонски кошаркарки со пораз го започнаа настапот во Словенија

Најмладата женска кошаркарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз го започна својот настап на неофицијалното ЕП за кошаркарки до 14 години што се одржува во Словенија. 
 
Нашите млади кошаркарки се поразени до домашната селекција на Словенија со 78-21 во меч од А групата во која попладнево ќе играат и против селекцијата на Хрватска. 
 
Утре ќе одиграат уште две средби против Летонија и Израел. 
 
И машката селекција на оваа годишна возраст ќе игра во Словен Градец, на турнирот кој ќе се одржи од 23 август