Македонија
19. January 2016 - 16:44

Најмасовна прослава на Водици и годинава во Охрид, крстот го фати Петар Рупески

Балканскиот Ерусалим и оваа година беше центар на христијанскиот свет.26 годишниот Петар Рупески од Варош  е најсреќниот кој успеа да го фати чесниот крст од водите на охридското езеро.Тој беше најбрз меѓу 500тината капачи кои влегоа во ладните води .Ова за него е трета среќа .

Илјадници верници и гости од земјата и странство решија за Богојавленските празници да бидат во Охрид, на најголемата и најмасовната црковно-народна манифестација.

Верниците си наполнија осветена вода од езерото за здравје и среќа .

Спасителите на вода извлекле деветмина кои неможеле да допливаат а медицинските тимови интервенирале кај три случаеви.

За присутните на охридското пристаниште се делеше топла ракија и вино, а убавата празнична атмосфера беше надополнета со црковната и староградска музика.