Свет
7. July 2017 - 11:21

Најмалку тројца загинати во експлозија во рудник во Русија

Три лица загинаа, а пет други се водат како исчезнати, при експлозија на метан во рудникот „Норникел" во градот Норилск во северна Русија, соопшти фирмата сопственк на рудникот.

Експлозијата се случила на длабочина од 490 метри од влезот во рудникот.

По експлозијата од рудникот на површината се изведени 135 рудари, од кои дел се и повредени, но нивниот број се уште не е официјално соопштен.

Руското Министерство за вонредни состојби соопшти само дека засега се трага по петтемина исчезнати, кои биле во внатрешноста на јамата, но не и за загинати и повредени.

На местото на несреќата се испратени спасувачки екипи.