Свет
4. October 2018 - 9:51

Најмалку три лица загинаа во оружен напад во Адис Абеба

Најмалку три лица загинаа денеска во оружен напад во центарот на етиопискиот главен град Адис Абеба.

Според очевидци, меѓу загинатите е и едно лице во засега неидентификувана униформа. Тие тврдат дека патиштата во дистриктот Боле се блокирани.

Властите во Етиопија се уште не соопштиле никаква информација во врска со инцидентот.