Свет
6. јуни 2016 - 8:31

Најмалку три лица загинаа при судар на возови во Белгија

Најмалку три лица загинаа синоќа, а околу 40 се повредени при судар на патнички и товарен воз, блиску до белгискиот град Лиеж, соопштија локалните власти. 

Несреќата се случила во 23 часот по локално време, јави ДПА. 

Белгиската информативна агенцијата „Белга“ соопшти дека двата возови се движеле во ист колосек и патничкиот воз се удрил во задниот дел на товарниот воз. 

Како што наведува еден од патниците, двата вагони од првиот воз се целосно уништени.