Најмалку шестмина загинати во монсунските дождови во Пакистан
Најмалку шест лица, меѓу кои жени и деца, загинаа како последица на монсунските дождови што го зафатија југозападен Пакистан, како и други делови од земјата, соопшти Националната агенција за борба со природни катастрофи.
Агенцијата изрази стравување дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи неколку луѓе се водат како исчезнати по поројните поплави во оддалечените области на провинцијата Белучистан.
Поројните дождови, кои почнаа вчера, а продолжуваат и денеска, оштетија десетици домови во југозападниот регион на Пакистан.
Од минатиот месец, во услови на поројни дождови загинаа 38 луѓе, а беа оштетени повеќе од 200 домови во Пакистан, вклучително и во Балучистан.
Во оваа провинција за време на викендот, патнички автобус падна во длабока провалија за време на пороен дожд. Во несреќата загинаа 19 лица.
Поплавите од сезонските монсунски дождови предизвикуваат пустош во Пакистан секоја година, при што страдаат десетици луѓе.
Ново на Сител
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората