Најмалку шестмина загинати, 13 повредени и осуммина исчезнати во свлечишта и поплави во Непал
Најмалку шест лица загинаа, 13 други се повредени, а осуммина се водат за исчезнати откако обилните монсунски дождови денеска предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави низ Непал, јави ДПА.
Метеоролозите издадоа предупредувања по поројните дождови што ги погодија источните и централните региони на земјата.
-Регионите Хили се погодени од лизгање на земјиште, додека регионот на источните рамнини претрпе поплавувања, изјави Умаканта Адхикари, претставник на Министерството за внатрешни работи.
Последните трид ена Непал е погоден од обилни дождови. Одделот за временска прогноза предупреди дека во текот на викендот ќе има континуирани дождови и силни ветришта во неколку делови на земјата.
Најмалку четири автопати во различни делови од земјата се блокирани од свлечишта, наведе Националниот центар за вонредни ситуации.
Сезоната на монсуни во Непал, што трае од јули до септември, секоја година предизвикува катастрофални лизгања на земјиштето и поплави, при што во нив гинат стотици лица, пренесува ДПА.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка