Свет
14. September 2019 - 13:47

Најмалку шест загинати во подметната бомба од Ал Шабаб во Сомалија

Двајца регионални политичари, тројца нивни телохранители и еден хуманитарец загинаа во подметната бомба на пат во Сомалија, соопштија денеска сомалиските власти, јави ДПА.

Експлозијата се случила на патот меѓу градовите Балад и Јовхар во државата Хиршабеле, рано утринава, на околу 100 километри северно од главниот град Могадишу, изјави претседателот на земјата Мохамед Абди Варе во соопштение пренесено од германската агенција.

Исламските терористи од групата Ал-Шабаб ја презедоа одговорноста за нападот преку соопштение лиферувано на пробунтовничката радио станица Андалус.

Ал-Шабаб, која се смета за филијала на интернационалната терористичка мрежа Ал Каеда, презема редовни напади во оваа на источнoафриканска земја.