Свет
4. јуни 2017 - 10:08

Најмалку шест луѓе загинаа во нападите во Лондон

Британската полиција соопшти дека во синоќешниот напад на Лондонскиот мост загинале шест луѓе, а тројцата напаѓачи се елиминирани од полицијата.

Напаѓачите со возило удриле во пешаците на мостот, а потоа со ножеви нападнале луѓе во подрачјето на пазарот Бороу.

Според лондонската Брза помош повеќе од 30 повредени се примени во пет болници, а на полесно повредените помош им е пружена на лице место.

- Вооружените полицајци многу брзо и храбро реагираа и се судрија со тројцата осомничени мажи, кои се убиени на пазарот Бороу. За жал починаа уште шест лица, изјави шефот на британската антитерористичка единица Марк Роули.

Тој додаде дека осомничените се застрелани осум минути по првиот примен повик за помош. 

Роули посочи и дека осомничените носеле лажни експлозивни елеци.

Инцидентите на Лондонскиот мост и пазарот Бороу прогласени се за терористички напади, додека третиот инцидент што се случи во Вокскол, Лондон, каде имаше прободување со нож не е поврзан со претходните два.

Лондонскиот мост и пазарот Бороу се познати по ноќниот живот.

Се уште никој не презел одговорност за нападите, но Исламска држава ги поздрави синоќешните инциденти во Лондон.