Свет
12. July 2015 - 19:09

Најмалку шест лица загинаа при експлозија во магацин за пиротехника во Кина

Најмалку шест лица загинаа, а десет се повредени при експлозија во магацин за пиротехника во северната кинеска провинција Хајбеј, соопшти кинеската централна телевизија. 

Несреќата се случила во регионот Нинцзин. 

При експлозијата се искршени прозорците на околните згради во радиоус од еден километар. Над местото на експлозијата се уште се издига густ облак чад.