Свет
21. March 2019 - 15:02

Најмалку шест лица загинаа при експлозија во фабрика во источна Кина

При експлозијата во хемиска фабрика во источниот дел на Кина загинаа шест лица, додека 30 се тешко повредени.

Локалните власти во Јангченг, во провинцијата Џангсу, соопштија дека се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката „Тјанџаји хемикал продакшен“.

Пожарот го гаснат 400 пожарникари со 86 возила.